Top Sport

Лоренцо не застанува, прва пол-позиција со Дукати

Хорхе Лоренцо стигна до својата прва пол-позиција како возач на Дукати, победувајќи го во квалификациите за Каталонското ГП во Барселона, светскиот шампион и иден клупски колега Марк Маркез.

Лоренцо, кој на минатата трка во Муџело, Италија првпат триумфираше на Дукати, беше побрз за само 0.066 секунди од Маркез, додека првиот ред го комплетира и вториот возач на Дукати, Андреа Довициозо.

Маверик Вињалес стигна до четвртата позиција како најдобар возач на Јамаха со само 0.003 секунди пред Андреа Јаноне во Сузуки, додека Данило Петручи во Прамак Дукати е на шестото место. Ветеранот Валентино Роси ќе стартува како седми пред Жоан Зарко, Тито Рабат и Кал Крачлоу.

Фото: ЕПА

Scroll to Top