Top Sport

Лоренцо се враќа на мотоцикл овој викенд

Хонда потврдија дека трикратниот светски шампион, Хорхе Лоренцо ќе се врати во Мото ГП шампионатот овој викенд на Британското ГП во Силверстоун, откако паузираше од Холандското ТТ во Асен поради повреда.

Шпанецот скрши два пршлени на ’рбетот при страшниот пад на првиот тренинг во Асен, по што не настапи на трката во Заксенринг, Брно и во Шпилберг.

„Одлично е што повторно сум со тимот, бидејќи помина многу време од Асен. Сакав да се вратам побргу, но природата на повредата значеше дека не смеам да брзам“, изјави Лоренцо.

Додека беше отсутен, Лоренцо беше мета на голем број на шпекулации за шокантен кам-бек во Дукати во 2020 година, откако не успеа да се навикне на мотоциклот на Хонда иако има двегодишен договор со јапонската компанија. Лоренцо е само 19. во генерален пласман, а најдобра трка оваа сезона му беше Француското ГП во Ле Ман, каде што заврши на 11. место.

Scroll to Top