Top Sport

Балотели повторно ќе го облече дресот на Сити на прошталниот меч на Компани

Марио Балотели уште еднаш ќе го облече небесно-синиот дрес на Манчестер сити, откако беше потврдено дека Италијанецот, кој само што потпиша за Бреша, ќе биде дел од прошталниот меч на поранешниот капитен на Сити, Винсен Компани на 11 септември во Манчестер.

29-годишниот Балотели играше за Сити од 2010 до 2013 година, период во кој имаше 80 настапи и 30 гола и сега ќе биде дел од тимот на легендите на Сити кој ќе игра против Ол-стар тимот на Премиер лигата на „Етихад“. Пеп Гвардиола ќе биде тренер на тимот на Сити, а белгискиот селектор Роберто Мартинез ќе го предводи Ол-стар тимот.

Покрај Балотели во тимот на Сити ќе бидат и Џо Харт, Џолион Лескот, Мајка Ричардс, Пабло Забалета, Вејн Бриџ, Герет Бери, Нигел де Јонг, Самир Насри, Шон Рајт-Филипс, Стивен Ајрланд, Крег Белами, како и сегашните фудбалери на Сити, Серхио Агуеро и Давид Силва.

Иако речиси секаде каде што играше повеќе го паметат по „глупостите“ отколку по головите, Балотели има место во историјата на Манчестер сити, откако му асистираше на Аугеро за славниот гол со кој ја освоија титулата во 2012 година.

Scroll to Top