Top Sport

Лоренцо се врати во Јамаха

Шпанскиот мотоциклист Хорхе Лоренцо потврдил дека наредната сезона че биде тест-возач во тимот на Јамаха.

Лоренцо кариерата ја заврши минатата сезона, откако имаше тешка сезона во тимот на Хонда, во Мото ГП шампионатот. Иако имаше шпекулации дека тој ќе се врати во Јамаха како возач, тоа не се случи.

Шпанецот решил да ја прифати понудата и да биде тест-возач.

„Среќен сум што можам да објавам дека потпишав договор со Јамаха. Ќе бидам тест-возач. Сакам да му помогнам на тимот. Се надевам дека моето знаење и искуство ќе им помогне ма механичарите и возачите Јамаха повторно да ја освои титулата“, порачал 32 годишниот мотоциклист.

Токму со Јамаха, Лоренцо ги оствари своите најголеми успеси во кралската класа. Шпанецот со Јамаха освои три шампионски титули (2010, 2012, 2015).

Јапонскиот тим претходно најави дека во 2021 година на местото на Валентино Роси, во фабричкиот тим ќе дојде Фабио Квартараро од Петронас Јамаха.

Scroll to Top