Top Sport

Почетино верува дека Англија може до светската титула

Поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен и Тотенхем, Маурисио Почетино смета дека Англија има големи шанси да го освои Светското првенство во Катар, каде што во осминафиналето ќе играат со Сенегал, поминувајќи ја лесно групата во кои беа со САД, Иран и Велс. Почетино, кој е Аргентинец, смета дека Англија може да го крене големиот трофеј на 18 декември.

„Франција и другите фаворити ќе имаат проблеми ако играат со Англија. Тие имаат квалитет да бидат еден од тимовите кои можат да одат до крај. Против Велс видовме професионален меч, а квалитетот е и на теренот и на клупата. Мислам дека оваа година ја имаат самодовербата, но и квалитетот да одат до крај. Герет Саутгејт врши фантастична работа, а против Италија во финалето на Европското првенство навистина немаа среќа“, вели Почетино за „Скај спортс“.

Scroll to Top