Португалецот Мигуел Оливеира стигна до својата прва Мото ГП победа во кариерата, откако во апсолутно неверојатен последен круг на ГП на Штаерска на патеката Ред бул ринг, успеа да ги совлада Џек Милер и Пол Еспаргаро, кои се бореа за првото место на буквално последната кривина.
Оливеира станува прв Португалец кој победува во Мото ГП класата, и прва победа за неговиот Тех 3 КТМ тим, по неверојатна трка која мораше да биде рестартирана по бизарниот инцидент на Маверик Вињалес во 12. круг.
Жоан Мир, кој беше лидер пред трката да биде прекината поради инцидентот на Вињалес, заврши на четвртото место пред Андреа Довициозо, Алекс Ринс и Такаки Накагами, додека Валентино Роси беше осми зад Бред Бајндер.
Have you ever seen a finish like it!!! ?@_moliveira88 and @Tech3Racing are #MotoGP winners!!! ?#AustrianGP ? pic.twitter.com/bFNQiRqTlU
— MotoGP™? (@MotoGP) August 23, 2020
Вињалес со бизарен пад, мотоциклот се запали и предизвика прекин на трката во Шпилберг