Себастијан Фетел ја освои Големата награда на Велика Британија, пред Луис Хамилтон на Мерцедес и клупскиот колега Кими Раиконен. Германецот до победата дојде со време од 1:27:29.784 часа. За него ова е 51.победа во кариерата и на вечната листа се израмни со легендата Алан Прост. Прв пат по 2013 година на патеката Силверстон не победи болид на Мерцедес.

Големата награда на Велика Британија мина во знакот на возачите на Ферари и Мерцедес, ја најави Фетел уште на стартот кога го мина Хамилтон, а потоа и Раиконен кој имаше контакт со Британецот.

Хамилтон излета од патеката се врати на последното место во поредокот на трката, а Раиконен доби казна од 10 секунди.

foto: epa

Иако на механичарите им се пожали дека му е оштетен задниот дел од болидот, Хамилтон за шест круга од последната се проби на шестата позиција.

Потоа по влегувањето на Фетел во боксот на лидерската позиција дојде Ботас, а Хамилтон стигна до третата позиција.

Ериксон во 33.круг излета од патеката поради што возачите возеа зад безбедносното возило, откако „сејфти карот“ замина од пистата, нов инцидент, во 38.круг, предизвикаа Гроажан и Саинц.

Откако безбедносното возило замина од патеката, започна уште една борба помеѓу возачите на Ферари и Мерцедес.

foto: epa

На пет круга до крајот Фетел и Хамилтон го минаа Ботас, а во наредниот круг пред возачот на Мерцедес излезе и Раиконен.

До крајот интересна беше само борбата за четвртото место помеѓу Ботас и Рикардо, но немаше измени во пласманот.

Бодови во Силверстон освоија уште Хилкенберг, Окон, Алонсо, Магнусен и Гисли.

Во пресрет на наредната трка Големата награда на Германија, на 22.јули, Фетел води со 171 бод, осум повеќе од Хамилтон. Меѓу конструкторите води Ферари со 287 бода, 20 повеќе од Мерцедес.