Top Sport

Кошаркарот Ханикат не бил убиен, туку извршил самоубиство

Тајлер Ханикат, не бил бил убиен во престрелка со полицијата, како што вчера објавија американските медиуми, туку извршил самоубиство.

„Добивме информација за лице што чудно се однесува кое се забарикадирало во својот стан. Специјалците влегоа во станот, во кој најдоа безживотно тело на машка особа. Набргу е прогласена смртта која е предизвикана од само повредување со огнено оружје“, соопшти портпаролот на полицијата на Лос Анџелес.

Ханикат е поранешен студент на универзитетот УКЛА, а професионалната кариера ја започнал во НБа лигата, во Сакраменто Кингс. Во последните две сезони играше во Европа, најпрвин за Анадолу Ефес, а минатат сезона ја мина во Русија, во екипата на Химки.

Познат кошаркар убиен во престрелка со полицијата

Scroll to Top