Андреа Довициозо ја освои пол позицијата во пресрте на утрешната трка за Големата награда на Јапонија, во „кралската класа“, Мото ГП шампионатот. Италијанецот со својот Дукати оствари време 1:44.590 минути.
Квалификациите во Јапонијабеа спектакуларни и до крај неизвесни. Четворица возачи се менуваа на врвот во текот на сесијата, а на крајот Довициозо ја освои челната позиција со време што за само 68 илјадити делови од секундата беше побрзо од она на Жоан Зарко.
Големо изненадување направи Џек Милер кој се избори за старт од третата позиција, односно од првиот стартен ред покрај Довициозо и Маркез.
Шести трката ќе ја стартува лидерот во вкупниот пласман Марк Маркез, а пред него ќе бидат Кал Крачлоу и Андреа Јаноне.
„Докторот“ Роси на стартот ќе биде деветти, побрзи од него беа тимскиот колега Мавери Вињалес и Алекс Ринс.
Големата награда на Јапонија, 16.трка оваа сезона в Мото Гп шампионатот ќе се вози в недела со почеток во 7 часот.
Во генералниот пласман води Маркез со 271 бод, пред Довициозо кој има 194 и Роси со 172 бода.