Top Sport

Хамилтон совршено го почна викендот во Тексас, Фетел казнет!

Луис Хамилтон беше најбрз на двете петочни тренинг сесии на дожд на Американското ГП во Остин, Тексас, за да има совршен старт на викендот во кој може по петти пат да биде крунисан како светски шампион во Формула 1.

Хамилтон, кому му е потребно во недела да освои осум поени повеќе од Себастијан Фетел во Ферари, со својот Мерцедес беше побрз за дури 1.012 секунди пред Пјер Гасли со Торо росо, откако во првата сесија беше за 1.3 секунди побрз од колегата Валтери Ботас. Фетел беше само 11. најбрз во лош ден за Ферари со 5.6 секунди послабо време.

Макс Ферстапен во Ред бул беше трет најбрз пред Фернандо Алонсо (Мекларен) и Нико Хилкенберг (Рено). Четири болиди воопшто не излегоа на дождливата сесија – Ботас, Даниел Рикардо во Ред бул и двата болиди на Хас.

За маката да биде поголема за Фетел, тој доби казна од три места на стартот на трката поради игнорирање на црвени знамиња во текот на првата сесија.

Фото: ЕПА

Scroll to Top