Додека Ф1 шампионатот ретко знае да ни приреди возбудлива трка, во Мото ГП шампионатот тоа е како секојдневница. Најдобар доказ за ова беше лудото Британско ГП на класичната патека во Силверстоун, каде што Алекс Ринс успеа да го победи шампионот Марк Маркез во неверојатна завршница за само 0.013 секунди.
Сузукито на Ринс очигледно беше многу побрзо на кривините од Хондата на Маркез, но тоа не му помогна да го помине, бидејќи шампионот едноставно предобро се бранеше. Сепак, во неверојатниот последен круг, во последната кривина „Вудкот“, конечно да го помине шпанскиот сонародник и да триумфира во фото-финиш.
„Немам зборови да го објаснам ова чувство. За малку ќе направев голема грешка на два круга пред крајот, бидејќи си помислив дека беше последниот круг и затоа се обидов да го поминам. Бев многу побрз од него, но беше многу, многу тешко“, изјави Ринс.
Колку беше тркањето до „граница“, најдобро кажува тоа што Маркез мораше да добие помош да стигне до боксот, откако неговиот мотоцикл остана без гориво.
Зад нив, Маверик Вињалес во Јамаха успеа во последните кругови да го помине колегата, Валентино Роси, додека во топ 10 беа и Морбидели, Петручи, Милер, Пол Еспархаро и Андреа Јаноне. Хорхе Лоренцо, во својата повратничка трка по повредата, заврши на 14. место.
И покрај овој пораз, Маркез е убедливо прв во генерален пласман со 250 поени, пред Андреа Довициозо со 172 и Ринс со 149. Во топ 5 се и Петручи со 145 и Вињалес со 118 поени, два повеќе од Валентино Роси.
One of the best #MotoGP races.
So tense through the whole race and what a finish!
Amazing psychological battle between Marquez and Rins! pic.twitter.com/ModSOxzVFD— Chris ? (@_chrisEU) August 25, 2019
What an extraordinary finish!!! ?@Rins42 beats @marcmarquez93 by 0.013s! ?#BritishGP ?? pic.twitter.com/TfT8VUFhnV
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) August 25, 2019
It seems that @marcmarquez93 may have ran out of fuel! ?
Absolutely on the limit! ✊#BritishGP ?? pic.twitter.com/2gUohRoEkf
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) August 25, 2019