Top Sport

ВРЦ: Танак победи во Германија, Тојота со 1-2-3 пласман!

Естонецот От Танак го зголеми водството во генерален пласман во Светскиот рели шампионат, откако ја оствари третат последователна победа за Тојота на Германското ГП.

Танак предводеше 1-2-3 победа за Тојота на релито, откако Крис Мик заостана 20.8 секунди зад него, а Јари-Мати Латвала беше трет. Танак сега има 35 поени предност пред Тјери Нојвил во Хјундаи, кој заврши како петти зад својот колега Дани Сордо, откако во саботата имаше малер со дупната гума.

Сепак, Нојвил со победата на пауер-етапата го поминува шесткратниот ВРЦ шампион, Себастиен Ожие во генерален пласман со 13 поени предност. Ожие имаше фрустрирачка трка и заврши на осмото место, откако од почетокот на релито имаше проблеми со електронското управување на Ситроен Ц3 и заврши 1:56.3 зад Танак.

Scroll to Top