Шесткратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон потврди дека ќе донира 500.000 долари за помош на жртвите од огромните пожари кои подолго време ја мачат Австралија.
„Ме растажува помислата дека над милијарда животни во Австралија умреа со болна смрт, без никаква вина. Мојата љубов кон животните не е тајна. Имав среќа честопати да ја посетувам Австралија и ја знам убавината на земјата. Зборував со некои луѓе кои работеа во борбата со огнот и сакам да помогнам и да направам мала промена. Ќе донирам 500 илјади долари и ако сте способни можете да го направите итото и вие“, напиша Хамилтон на Инстаграм.
Пожарите во Австралија оваа година почнаа порано од очекуваното по тригодишната суша, и по катастрофата илјадници луѓе останаа без дом, а има и околу 20-тина загинати.