Top Sport

Хери Кејн во аут најмалку до април!

Тотенхем потврдија дека нивната прва ѕвезда, напаѓачот Хери Кејн ќе биде во аут најмалку до април откако Англичанецот мора да оди на операција на бутниот мускул.

26-годишниот капитен на англиската репрезентација се повреди на 1 јануари при 1:0 поразот од Саутемптон и сега мора да оди на операција за скината тетива во неговиот лев бутен мускул, потврдија од лондонскиот клуб.

Ова е голем удар за тимот на Жозе Мурињо, посебно во борбата кои ги чека за топ 4 пласман и клубот сега останува само со тројца напаѓачи – Сон Хеунг-Мин, Ерик Ламела и Лукас Моура. Се верува дека тие се заинтересирани во јануари да го донесат напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјонтек.

Scroll to Top