Шесткратниот Формула 1 шампион Луис Хамилтон ќе формира комисија чија главна цел е зголемување на бројот на црни возачи во мотоспортот.
Хамилтон, кој неколку пати реагираше на смртта на Џорџ Флојд во САД и протестите низ целиот свет, вели дека е добро запознаен со расизмот во Формула 1.
„Се борам со стигмата во текот на мојата цела кариера, од деца кои фрлаа работи на мене додека возев картинг, до боење на лицата на навивачите во 2007, во една од моите први Ф1 трки. Навикнат сум што сум еден од ретките црни луѓе во моите тимови, и навикнат сум дека никој нема да зборува за мене кога се соочувам со расизам, бидејќи никој не го сфаќа моето искуство“, вели Хамилтон.
35-годишниот возач на Мерцедес вели дека целта на комисијата е спортот да се направи „разновиден и комплексен каков што е мултикултурниот свет во кој живееме“.