Top Sport

Мандалиниќ, сепак, заврши во Берлин

Германскиот бундеслигаш, Фуксе Берлин потврдидека потпишале договор со хрватскиот ракометар Стипе Мандалиниќ од ППД Загреб од 1 јануари, ставајќи крај на шпекулациите дека тој може да дојде во Вардар.

„Овој клуб има огромен потенцијал и според мене ќе стане еден од водечките клубови во Европа“, изјави 1.95 метри високиот Мандалиниќ.

Со Загреб, 25-годишниот сплиќанец Мандалиниќ освои четири титули од шампионатот и купот, а со Хрватска освои бронза на СП во 2013 година. Директорот на Фуксе, Боб Ханинг беше задоволен од „уловот“.

„Пресреќни сме што можеме да привлечеме играч од светска класа во Берлин“, изјави Ханинг.

Scroll to Top