Јуниорот на Ред бул, Ден Тиктам стигна до сензационална победа на Макау ГП трката во Формула 3, откако водечките два болиди се судрија на последната кривина.
Тиктам (Мотопарк) профитираше кога Фердинанд Хабсбург успеа да го стигне лидерот Серхио Сете Камара и се обиде да го претекне Бразилецот. Сете Камара ја загуби контролата на задниот дел од болидот и се удри во бариерите, додека Хабсбург излета излегувајќи од кривината.
Тиктам, кој ги помина Лендо Норис и Максимилијан Гинтер во еден фантастичен обид, на крајот заврши само 0.568 секунди пред Норис. Ова е само трет тркачки викенд во Ф3 за Тиктам.
Макау ГП трката е една од најпознатите Формула 3 трки во светот, и тркачкиот викенд се одржува од 1954 година во Макау, поранешната португалска колонија, која сега е кинеска автономна територија. Патеката е една од најтешките трки на светот, со тесни кривини, и со рамни делови на кои се достигнуваа 275 км/ч. На трката учествувале многу славни Ф1 имиња и стигнале до победи, како Михаел Шумахер, Аиртон Сена, Дејвид Култард, Ралф Шумахер и Рикардо Патрезе.
Тркачкиот викенд во Макау вклопува и мотоциклистичка трка, која оваа година е во сенка на трагичната несреќа на британскиот мотоциклист Даниел Хегерти.
Here’s that astonishing finish to the #MacauGP. @Fhabsburg62 and @sergiosettecama crashed, @DanTicktum came through to win ahead of @LandoNorris. pic.twitter.com/yCuuAiIRAB
— RaceVideoIndex (@RaceVideoIndex) November 19, 2017