Македонските возачи во „Twingo Cup“, во саботата на отворањето на новата сезона, го имаа првиот интернационален предизвик на патеката „Гробник“ во Хрватска.
Македонските возачи имаа одлични резултати во конкуренција на дваесетина странски возачи.
На патеката „Гробник“ се возеа две трки. Во првата трка, најдобар пласман од Македонците имаше ланскиот шампион Мартин Делев, кој финишираше на 11 место со вкупно време од 23:55,003 минути. Владимир Треневски беше 16-ти, Слободен Трајковски 18-ти, Ангелче Стојковски (21), Давид Малинковски (23), Емил Нацка (24) и Мартин Костовски (25).
Во втората трка, одличен пласман обезбеди Емил Нацка, кој го освои шестото место со време од 22:44,442 минути, веднаш по него Владимир Треневски – осми, Давид Малинковски 10-ти,Ангелче Стојковски 22-ри додека Мартин Делев го имаше петтото место, но поради технички проблеми во последниот круг не ја заврши трката.
Тркачкиот викенд на „Гробник“ продолжува в недела. На програмата во утринските часови се предвидени тренинзи, квалификациите се од 10 до 11 часот, а потоа следува и четири часовна трка во издржливост.