Top Sport

Макс до Џорџ: Очекувај да ти го направам истото, Расел: Нема да се воздржувам од акција затоа што тој е лидер во Ф1

Попладнево во Баку се возеше првата од предвидените шест трки оваа сезона. Победи Серхио Перез во болидот на Ред Бул, пред возачот на Ферари Шарл Леклер и тимскиот колега Макс Ферстапен.

Спринтот не донесе никакви возбудувања, единствено интересно беше на стартот кога Џорџ Расел со својот Мерцедес успеа да го помине Ферстапен. Во тој дуел Холанѓанецот го оштети својот болид.

По завршувањето на трката Ферстапен не го криеше незадоволството од потегот, поради што влезе во вербален дуел со противникот. Му порача на Расел дека може во иднина да очекува дека тој ќе му го направи истото.

„Како возач, тука сум да се борам и да победам, и нема да се воздржувам само затоа што тој води во шампионатот. Изненаден сум што се држеше по надворешната страна, на крајот на краиштата ова е улична трка и тој има многу повеќе да загуби од мене. Контактот не беше намерен, сакав да водиме чиста борба, ме изненади неговиот отпор“.

Утре во Баку од 13 часот ќе се вози трката за Големата награда на Азербејџан.

Scroll to Top