Top Sport

Страшна сообраќајна несреќа – Брајант имаше среќа, мина без повреди

Страшна сообраќајна несреќа се случи во Турција, а во неа, не по своја вина, учествуваше познатиот кошаркар на Анадолу Ефес, Брајант Данстон (36). Искусниот кошаркар го возел својот автомобил зад камион кој поради невнимание на возачот удрил во надвозник и се превртел на патот, а контејнерот кој се наоѓал на приколката слетал точно на предната страна на возилото на Данстон.

Возило на брзата помош и пожарникарите набрзо пристигнале на местото на настанот и го извлекле Брајант Данстон од смачканото возило. Бидејќи предниот дел од неговиот автомобил бил целосно уништен, американскиот кошаркар висок 203 сантиметри морал да биде извлечен низ задниот дел од возилото.

Вистинско е чудо како Брајант помина само со лесни повреди. На фотографии од болницата се гледа дека во завој се само неговите дланки.

Scroll to Top