Top Sport

Макс Ферстапен доби орден за своите постигнувања

Домашниот викенд на Макс Ферстапен почна фантастично, откако му беше доделен орденот на Оранж-Насау, витешка награда која ја доделува кралското семејство на земјата и која се доделува како „признание за општествено остварување“. Во присуство на неговото најблиско семејство, Ферстапен го доби орденот од холандската министерка за спорт, Кони Хелдер.

„За да станеш шампион потребно ти е повеќе од само талент. Многу години напорна работа. Затоа ти си голема инспирација на сите и прв Холанѓанец кој освоил Формула 1 титула. Со ова ја постви Холандија на светската мапа“, изјави министерката Хелдер.

Ферстапен се заблагодари на своето семејство, на тимот, личите спонзори и „портокаловата армија“ навивачи.

Scroll to Top