Top Sport

Макс Ферстапен победи во Абу Даби и на одличен начин ја заокружи сезоната

Деветта година по ред, трката за Големата награда на Абу Даби ја заокружува сезоната во Формула 1. Годинешната трка на патеката „Јас Марина“ беше многу помалку тензична од минатиот декември, кога Макс Ферстапен и Луис Хамилтон решаваа за титулата светски шампион.

Актуелниот шампион Ферстапен ја започна последната трка во годината од пол-позицијата и успеа да стигне до 15. победа оваа сезона.

На втората позиција се најде Шарл Леклер, а место на подиумот освои и Серхио Перез.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон денеска не успеа да ја заврши трката и остана без ниедна победа во текот на целата сезона.

Легендарниот Себастијан Фетел по оваа трка става крај на својата одлична кариера.

Во шампионатот на конструктори, Ред Бул убедливо триумфираа и со тоа ја прекина долгогодишната доминација на Мерцедес.

Scroll to Top