Top Sport

Марк Маркез ја одбрани титулата во Мото ГП

Марк Маркез, возачот на Репсол Хонда, победи на трката за Големата награда на Јапонија и ја освои седмата шампионската титула во кариерата, петта во Мото ГП. Маркез според бројот на титулите во „кралската класа“ се израмни со Мајк Дуан, а повеќе титули од него сега имаат само Валентино Роси, седум и Џакомо Агостини, осум.

Шпанецот со деветтата победа во сезоната, на три трки до крајот на првенството има 102 бода повеќе од најблискиот конкурент.

Шпанецот трката во Јапонија ја започна од шестата позиција, а на чело на колоната стигна на три круга до крајот кога го престигна конкурентот од Дукати, Андреа Довициозо, кој стартуваше од пол-позицијата, кој на излетаод патеката во претпоследниот круг.

Покрај Маркез место на подиумот обезбедија Кал Крачлоу на ЛЦР Хонда и Алекс Ринс на Сузуки.

Најдобрите тројца ги следеа Валентино Роси (Јамаха), Алваро Баутиста (Алваро Нието тим), Жоан Зарко (Јамаха Тех 3), Маверик Вињалес (Јамаха), Дани Педроса (Репсол Хонда).

Сезоната во Мото ГП шампионатот продолжува наредната недела на патеката „Филип Ајланд“, кога ќе се вози Големата награда на Австралија.

Scroll to Top