Top Sport

Марк Маркез по пауза од три години освои пол-позиција

Марк Маркез ја освои по-позицијата во пресрет на трката за Големата награда Јапонија. Шпанецот ја освои 63. пол-позиција во „кралската класа“. Маркез, кој не возеше многу во последните две години, поради четирите операции на десната рака, ја освои првата пол-позиција по пауза од 1.071 ден, кога исто така беше најбрз во квалификациите пред трката во Јапонија.

Марк Маркез најдобро се снајде по тешките услови на стазата. Пистата „Монтеги“ беше натопена со вода, Шпанецот го извозе најбрзиот круг со време 1.55.214 минути.

Од вториот ред трката ќе ја започнат Маверик Вињалес (Априлија), Хорхе Мартин (Прамак Дукати) и Алеиш Еспаргаро (Априлија). Следуваат Џек Милер (Дукати), Мигел Оливеира (КТМ) и Фабио Квартараро (Јамаха).

Лоши квалификации имаше втропласираниот во генералниот пласман Пеко Бањаја. Италијанецот ќе стартува од 12. позиција. Во квалификациите имаше за речиси две секунди полош резултат од Маркез.

Трката за Големата награда на Јапонија, во недела ќе започне во 8 часот по средно-европско време.

Scroll to Top