Top Sport

Мајк Мењон на пауза до крајот на октомври

Голманот на Милан и француската репрезентација Мајк Мењон ќе отсуствува од тимот до крајот на октомври. Мењон се повреди бранејќи го голот на Франција против Австрија, во Лигата на нации.

Мајк Мењон се повреди во првото полувреме, не бранеше во вториот дел. Тестовите откриле повреда на листот на левата нога.

Ова секако е голем хендикеп за актуелните шампиони на Италија, со оглед на формата во која брани францускиот голман.

Резерви на Мењон се во Антонио Миранте и Ципријан Татарушану. Прашање е за кого од овие двајца ќе се определи тренерот Стефано Пиоли.

Милан, во наредната рунда во Серија А ќе игра против Емполи.

Scroll to Top