Top Sport

Шик со два гола и асистенција, Леверкузен се израмни со Баерн

Баер Леверкузен стигна до рутинска 0:4 победа на гостувањето кај Арминија Билефелд бладарение на двата гола и едната асистенција на чешкиот ас Патрик Шик, за „фармацевтите“ да се израмнат со шампионот Баерн Минхен по седум кола во Бундеслигата.

Шик прво му асистираше на Диаби во 18. минута, шест минути подоцна го постигна вториот гол, за во 57. минута да го додаде вториот гол. Керем Демирбај во 91. минута од пенал го комплетираше петтиот триумф во седум меча за Баер. Леверкузен досега оваа сезона загуби само од Борусија Дортмунд во 3:4 драмата.

Шик, кој блесна за Чешка на ЕУРО 2020 во текот на летото, има неверојатен старт на сезоната со шест гола во 7 меча во Бундеслигата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top