Марк Маркез на Репсол Хонда победи на трката за Големата награда на САД. Шпанецот на оваа патека ја забележа шесттата победа во низа. Маркез на патеката во Остин ја забележа првата победа во сезоната, 36.во „кралската класа“, односно 62.во кариерата.
Маркез, поради казната во квалификациите, трката ја стартуваше од четвртата позиција, меѓутоа веднаш го презеде водството и потоа возеше соло трка. Конкурентите во ниту еден момент не беа близу до актуелниот светски првак.
Второто место го освои Маверик Вињалес на Јамаха, што е негов најдобар пласман во сезоната, а на третото место се пласира возачот на Сузуки Андреа Јаноне.
Зад најдобрите тројца завршија Роси, Довициозо, Зарко, Педроса, Рубит, Милер, Алеиш Еспаргаро.
Во генералниот пласман води Андреа Довициозо со 46 бода, еден повеќе од Маркез, а Вињалес е трет со 41 бод.
Наредната трка ќе се вози во Шпанија на 6.мај.