Top Sport

Маркез до неверојатна 10. победа во 2019, сега е израмнет со Мик Дуан!

Светскиот шампион, Марк Маркез успеа на почетокот да го „неутрализира“ Фабио Квартараро за да стигне до својата 10. победа оваа сезона на доминантен начин на Јапонското ГП во Мотеги.

Шпанецот, кој ја потврди својата шеста Мото ГП титула на минатата трка во Тајланд, водеше во сите кругови на трката во Јапонија, која ја стартуваше од пол-позицијата, иако го загуби водството на стартот на трката.

Квартараро го помина својот колега од Петранос Јамаха, Франко Морбидели на стартот, за во седмата кривина со храбар потег да го помине и Маркез, но Французинот остана во водство само три кривини, откако Маркез на 10. кривина од трката го помина и потоа немаше посериозен конкурент за победата.

Квардтараро остана на една секунда во првите 10-тина кругови од трката, но веќе во 13. круг, Маркез имаше две секунди предност за да стигне до лесна победа. Ова е 54. триумф на незапирливиот Маркез во елитната мотоциклистичка класа, со што се израмни со легендарниот Австралиец Мик Дуан, а во меѓувреме ја потврди и титулата кај конструктори на Хонда.

Во последните кругови Квартараро имаше проблем и со Андреа Довициозо во фабричкиот Дукати, но на крајот Италијанецот заврши трет пред Маверик Вињалес во Јамаха и Франко Морбидели. Валентино Роси беше 11. во текот на трката, пред на три круга пред крајот да падне.

Scroll to Top