Top Sport

Маркез доби казна, пол-позицијата за Зарко

Жоан Зарко, а не Марк Маркез, кој забележа најдобро време, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Малезија. Шпанецот доби казна од стјуардите бидејќи на патеката го попречувал Андреа Јаноне. Маркез потегот поради кој заработи казна го направил во деветтиот свиок.

„Не го забележав Јаноне. Можно е дека му попречив. Се обидов да избегнам контакт на патеката, тоа е се што можам да кажам“, рекол Маркез по завршувањето на квалификациите.

Марк Маркез во пресрет на последните две трки (Малезија и Валенсија) веќе ја обезбеди шампионската титула.

Големата награда на Малезија, на патеката „Сепанг“, се вози в недела со почеток во 6 часот, по средно-европско време.

Scroll to Top