Марк Маркез беше најбрз на Мото ГП тестот во Брно, Чешка пред Жоан Зарко, а во текот на дента имаше шанса првпат да го вози новиот прототип за следната сезона.
Во поголемиот дел од осумчасовниот тест на првото место беше возач на Дукати, прво Хорхе Лоренцо со 1:55.609, а потоа и победникот на неделната трка, Андреа Довициозо, кој беше побрз за 0.092 секунди.
Маркез, конечно, се искачи на првото место, но бргу беше совладан од колегата Дани Педроза, за да го постави најдоброто време од 1:55.209 во последниот час тестирање. Зарко беше втор, а Педроза на третото место.
Довициозо и Лоренцо, кои тестираа комбинации на шасијата завршија на следните две позиции, додека Кал Крачлоу беше шести пред Валентино Роси во Јамаха, со над седум десетинки послабо време. Роси беше единствен возач на Јамаха на тестот, бидејќи Маверик Вињалес реши да одмори по падот во неделната трка и болките во рамото.
“Today was positive and I’m very happy because we did a lot of laps with a good feeling since the start of the test. It’s tough when you have such a busy schedule, but Honda is working hard and that’s great motivation for a rider” MM93 P1 #BrnoTest pic.twitter.com/a5FLnA7B5K
— Repsol Honda Team (@HRC_MotoGP) August 6, 2018