Top Sport

Куртоа веќе не тренира со Челси за да го приморa клубот да го продадат

Белгискиот голман на Челси, Тибо Куртоа, не се појави на тренингот на Челси во понеделник, во обид да го примора премиерлигашот да го продаде на Реал Мадрид.

Покрај тоа, Куртоа во неделата не се појави на трибините на мечот од Комјунити шилд против Манчестер сити, кој Челси го загубија, а новиот тренер на тимот Маурицио Сари побара од него лично да му соопшти дали сака да остане, а не да преговара преку агентот.

Ова следуваше откако агентот на Куртоа го „молеше“ Челси да го дозволи трансферот во Реал, за голманот да може да биде поблиску до своите две деца, кои живеат со својата мајка во Шпанија. Ова изгледа е јасен одговор, откако Куртоа остана во Генк, каде што доби признание од својот поранешен тим.

Стратегијата на Куртоа наликува на таа која ја искористи Диего Коста, кога заминуваше од Челси, и останува да се види каква ќе биде стратегијата на „сините“.

Куртоа сака во Реал поради своите деца, а не поради парите

Scroll to Top