Top Sport

ЕП: Тинејџерот Колесников со трето злато во Глазгов!

Руската пливачка сензација, Климент Колесников стигна до својот трет златен медал на Европското првенство во Глазгов, откако доминираше во трката на 100 метри грбно.

18-годишниот Колесников ја заврши трката со 52.53, за да го издрж и нападот на сонародникот Евгениј Рилов, кој освои сребро со 0.21 секунди послабо време, додека над една секунда заостануваше освојувачот на бронзата, Гркот Апостолос Христу.

Ова доаѓа откако во саботата, Колесников го подобри светскиот рекорд на 50 метри грбно на 24.00, еден ден откако беше дел од руската штафета на 4х100 метри слободно. Колесников наполни 18 години минатиот месец.

Одлична трка имаше уште еден млад руски пливач, 21-годишниот Антон Чупков, кој за само 0.13 секунди не успе а да го сруши светскиот рекорд на 200 метри градно, победувајќи со 2:06.80, нов европски рекорд. Чупков беше само петти по половина трка, пред да има неверојатен спринт во последните 100 метри  за да го победи Британецот Џејмс Вилби и Италијанецот Лука Пицини.

ЕП ПЛИВАЊЕ, ГЛАЗГОВ

200 М ПЕПЕРУТКА (Ж)

1.Богларка Капаш (Унг) 2:07.13

2.Светлана Чимрова (Рус) 2:07.33

3.Елис Томас (Бри) 2:07.42

100 М ГРБНО (М)

1.Климент Колесников (Рус) 52.53

2.Евгениј Рилов (Рус) 52.74

3.Апостолос Христу (Грц) 53.72

200 М СЛОБОДНО (Ж)

1.Шарлот Боне (Фра) 1:54.95

2.Фемке Хемскерк (Хол) 1:56.72

3.Анастасија Гуженкова (Рус) 1:56.77

200 М ГРАДНО (М)

1.Антон Чупков (Рус) 2:06.80

2.Џејмс Вилби (Бри) 2:08.39

3.Лука Пицини (Ита) 2:08.54

200 М МЕШАНО (М)

1.Џереми Деспланш (Шва) 1:57.04

2.Филип Хајнц (Гер) 1:57.83

3.Макс Личфилд (Бри) 1:57.96

4х100 М МЕШАНО (МЕШАНА ШТАФЕТА)

1.Велика Британија 3:40.18

2.Русија 3:42.71

3.Италија 3:44.85

Scroll to Top