Слично како во Формула 1, и во Мото ГП шампионатот еден возач не престанува со победите и оди кон нова светска титула.
Марк Маркез на Хонда стигна до триумф на првото Тајландско ГП, поминувајќи го главниот ривал Андреа Довициозо во Дукати во последниот круг за да направи голем чекор кон титулата. Во обратна ситуација од Австриското ГП од минатата година, Довициозо се обиде да го помине Маркез на последната кривина на последниот круг, откако возачот на Хонда го помина на петтата кривина на патеката Бурирам.
Но, овојпат возачот на Дукати немаше доволно брзина на излезот на кривината и Маркез влезе внатрешно за да стигне на целта со минимални 0.115 секунди пред Италијанецот за седма победа оваа сезона, со која има 79 поени предност со само 100 поени за освојување во последните четири трки од сезоната.
Маркез водеше во првите четири кругови од трката откако стартуваше од пол-позицијата, но Валентино Роси во Јамаха успеа да го помине во петтиот круг. Италијанскиот ветеран беше убедлив во водството, пред да направи грешка во 11. круг и да падне на третото место. Довициозо беше напред, и тој и Маркез почнаа да „бегаат“ од другите возачи, иако вистинската битка меѓу нив почна на пет круга пред крајот.
Колегата на Роси, Маверик Вињалес го освои последното место на подиумот, прво за него од Германското ГП во јули, додека Роси беше четврт. Жоан Зарко беше петти пред Алекс Ринс (Сузуки) и Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда).
Here are the results from the first ever #MotoGP race in Thailand ?
? @marcmarquez93
? @AndreaDovizioso
? @maverickmack25 #ThaiGP ?? pic.twitter.com/CeaFFNHU9R— MotoGP™??? (@MotoGP) October 7, 2018
#MotoGP RACE ?
WHAT A RACE! @marcmarquez93 holds off a last ditch lunge from @AndreaDovizioso to take the win! ?@maverickmack25 gets back on the box in third! ?#ThaiGP ?? pic.twitter.com/o8yXykwZEU
— MotoGP™??? (@MotoGP) October 7, 2018