Светскиот шампион Марк Маркез прв пат во кариерата ја освои пол-позицијата во Јапонија. Шпанецот ги комплетира пол-позициите на сите трки.
Возачот на Репсол Хонда на патеката „Монтеги“ беше побрз од конкурентите од Јамаха. Светскиот првак пол-позицијата ја освои со време 1:45.764 минути, зад него беа двајцата возачи на Петронас Јамаха Франко Морбидели и Фабио Квартараро, четвртото место на стартот ќе го има Маверик Вињалес од Јамаха. Покрај Вињалес од вториот стартен ред трката ќе ја започнат Кал Крачлоу на Хонда Кастрол и Џек Милер на Прамак Дукати.
? @marcmarquez93 completes the set!
The world champion takes his first pole at Motegi, and now has a #MotoGP pole position at every circuit on the calendar! ?#JapaneseGP ?? pic.twitter.com/BhSZjr98Sm
— MotoGP™? (@MotoGP) October 19, 2019
Следува тандемот на Дукати Андреа Довициозо и Данило Петручи, деветти е Алеш Еспаргаро, десетти Валентино Роси, а со него во четвртиот стартен ред се возачите на Јамаха Алекс Ринс и Жоан Мир.
Трката за Големата награда на Јапонија утре ќе се вози од 2.40 часот по средно-европско време.