Мото ГП шампионот Марк Маркез мораше да оди на втора операција за да се поправи оштетената плочка поставена во неговата рака, зголемувајќи ги сомнежите дека одбраната на титулата ќе биде невозможна за Шпанецот.
Маркез ја повреди раката при падот за време на првата трка од сезоната во Шпанија, по што веднаш беше однесен на операција, но се врати само три дена подоцна во обид да се натпреварува на трката во Андалузија, но се повлече по квалификациите.
Пред Чешкото ГП во Брно, пак, тој мораше да оди на нова операција во Барселона за поправање на плочката и сега ќе мора да остане во болница барем 48 часа. Останува да се види дали тој ќе може да се врати на неделната трка.
Фабио Квартараро по двете победи во Херез има 50 поени предност во генерален пласман, кои можат да бидат одлучувачки во скратената Мото ГП сезона.