Top Sport

Маркез најбрз во квалификациите во Германија

Марк Маркез ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Германија, која утре ќе се вози на патеката Захсенринг. Возачот на Репсол Хонда десетта година по ред ќе стартува прв во Германија. Тој ја освои 57 пол-позиција во „кралската класа“ и му недостига една за да се израмни со Мајк Дуан.

Маркез доминираше во квалификациите, а до најдоброто време стигна со нов рекорд на патеката 1:20.195 минути. Разочара второ пласираниот во генералниот пласман Андреа Довициозо, кој трката ќе ја започне од 13 место.

Квалификациите ги обележа падот на колегата на Довициозо од Дукати, Данило Петручи, кој излета во деветтиот свиок при брзина од 170 километри на час.

Утрешната трка од првиот стартен ред, покрај Маркез, ќе ја започнат две Јамахи. Фабио Квартараро на Петронас Јамаха е втор, а Маверик Вињалес на Јамаха е трет.

Зад нив се наредија Алекс Ринс, Џек Милер, Франко Морбидели, Пол Еспаргаро, Жоан Мир, Такаги Накагами, Валентино Роси и Данило Петручи.

Scroll to Top