Top Sport

„Нема да направиме грешка како со Баџо“

Сопственикот на Фиорентина Роко Комисо рекол дека неговиот клуб нема да ја повтори грешката која во минатото ја направиле кога го продале Роберто Баџо во Јувентус. Изјавата на Комисо е поврзана со интересот на Јувентус за најдобриот играч на „виолетовите“ Федерико Киеза.

„Со Киеза нема да ја направиме истата грешка како со Баџо. Роби Баџо беше најдобриот фудбалер во светот, а тие тогаш го продадоа само поради парите“, рекол Комисо во едно интервју.

Италијанецот бизнисмен пред еден месец стана сопственик на фудбалскиот клуб Фиорентина. Тој веднаш најави дека со клубот од Фиренца има големи планови.

„Тој е нашиот шампион и не би го продал ниту за 100 милиони евра. Имам свои сништа, одиме чекор по чекор, ќе видиме што ќе се случи. Сакам нешто да направам за Фиорентина и Фиренца, сакам да оставам длабока трага тука“, рекол сопственикот на Форентина.

Федерико Киеза има 21 година, а неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува 60 милиони евра.

Scroll to Top