Top Sport

Маркез: Навивав Роси да го победи Довициозо!

Победникот на Аргентинското ГП, светскиот шампион Марк Маркез признава дека навивал Валентино Роси да го победи Андреа Довициозо за второто место зад нив.

Маркез се одвои на стартот и направи огромна разлика на патеката Термас де Рио Хондо, додека двајцата Италијанци зад него, Роси и Довициозо во текот на целата трка се бореа за позиција. Ветеранот Роси (Јамаха) на крајот во последниот круг го помина Довициозо (Дукати) и Маркез признава дека сакал Дови да загуби поени бидејќи беше неговиот најголем ривал за титулата последните две години.

„Кога ја поминав целта знаев дека Довициозо и Роси зад мене се борат за второто место. Секако, сакав Валентино да биде втор. Среќен сум што победив и што сме лидери во генерален пласман, но уште посреќен од начинот на кој помина викендот. Ова е еден од моите најдобри комплетни викенди бидејќи бев силен во секоја сесија. Го сфатив сет-апот, гумите, го сфатив начинот на кој треба дај а менаџирам трката и тоа беше најважно“, вели Маркез.

Маркез и минатата година беше на пат до доминантна победа пред неговата трка да се „распадне“ откако тој беше казнет за заддржување на стартот, а потоа ги удри Алекс Еспархаро и Роси во контроверзен потег, и вели дека лекцијата од 2018 е научена.

„По минатата година, навистина сакав ваква трка, да ја покажам брзината и прецизноста“, вели Маркез, кој има 4 поени предност пред победникот од првата трка во Катар, Довициозо.

Scroll to Top