Top Sport

Маркез не сопира со победите, Дови и Зарко излетаа (видео)

Марк Маркез останува единствениот вистински кандидат за Мото ГП титулата, откако стигна до едноставна победа на Француското ГП во Ле Ман, помогнат со судирите на Андреа Довициозо и Жоан Зарко.

Маркез, возачот на Хонда, сега има одлична предност во генерален пласман од 36 поени откако неговите двајца најсериозни конкуренти за победа во Франција, Довициозо и Зарко испаднаа.

Шпанецот падна на шестото место на стартот по лошиот прв круг, во кој Хорхе Лоренцо од шестото место стигна до лидерската позиција пред Зарко (Тех 3 Јамаха) и Довициозо (Дукати). До крајот на вториот круг Маркез се созема и беше четврти зад тројцата лидери.

Довициозо го помина домашниот фаворит Зарко и колегатга Лоренцо за да биде лидер по пет круга возење, но ја загуби контролата на кривината Ла Шапел за вторпат во исто толку трки да се откаже. Три кругови подоцна, Зарко излета на Гараж Верт кривината и ќе мора да почека за својот деби триумф.

Со ова, Лоренцо имаше мала предност пред Маркез, но доминантниот светски шампион на Хонда имаше лесна задача да го помине сонародникот и рутински да стигне до победата. Откако беше поминат од Маркез, Лоренцо не успеа да ја одржи брзината и на крајот заврши на шестото место.

На крајот на трката, Данило Петручи во Прамак Дукати беше втор, а подиумот го комплетираше Валентино Роси со 5 секунди заостанување во трка во која неговата Јамаха не беше доволно силен ривал за фаворизираната Хонда.

По него следуваа Џек Милер (Дукати), Дани Педроза (Хонда), Лоренцо (Дукати), Вињалес (Јамаха), а на осмото место се најде Кал Крачлоу во ЛЦР Хонда, еден ден по спектакуларниот судир на квалификациите.

Лудиот свет на Мото ГП: По спектакуларниот пад, Крачлоу сепак ќе се трка! (видео)

Scroll to Top