Top Sport

ТЦР: Азкона со победа, Иџе во аут во првиот круг (видео)

Шпанскиот возач на Купра ПЦР, Микел Аскона е победник на првата трка од ТЦР Европа шампионатот на славната патека во Цандворт, Холандија, додека македонскиот тркач Игор Стефановски-Иџе ја заврши трката уште во првиот круг.

Азкона го презеде водството од освојувачот на пол-позицијата од Јап ван Лаген (Леопард Ауди), додека зад нив се одвиваше хаос. Ирецот Рис Бар се удри во унгарскиот ветеран Даниел Наѓ, а Стефановски, во обид да ги избегне удри во Жулиен Брише (ЖСБ Пежо) оставајќи четири возачи во аут.

Унгарецот Атила Таси во Хонда го освои второто место зад Ван Лаген, додека потоа следуваа Џош Фајлс и лидерот во генерален пласман, Србинот Душан Борковиќ.

Вториот македонски возач, Виктор Давидовски стартуваше како 20., а трката ја заврши на 15. место.

Втората трка во Цандворт се вози во понеделник од 15.15 часот.

Scroll to Top