Репсол Хонда се огласи по повод повредата на актуелниот светски првак Марк Маркез. Шпанецот требаше да се врати на патеките на наредната трка во Мизано меѓутоа според тимот тоа нема да се случи.
Маркез ја скрши раката на првата трика во сезоната, во Херес. Според она што го обајавија од Репсол Хонда, Маркез нема да се врати во тимот во наредните два до три месеци.
„Имаше шпекулации во врска со Маркез и неговото враќање. Ние тие шпекулации не сакавме да ги коментираме, рековме дека постои рок кога тој ќе се врати но не прецизиравме ништо. Нема да брзаме, Марк ќе се врати кога целосно ќе биде здрав“, рекол тим-менаџерот на Репсол Хонда, Алберто Пуѓ.