Top Sport

Маркионе: Еклстоун профитираше од успехот на Ферари

Претседателот на Ферари, Серџо Маркионе вели дека тврдењето на Берни Еклстоун дека Мерцедес и ФИА помогнале на неговиот тим се „апсолутни глупости“.

Еклстоун во интервју за италијанскиот весник „Ла република“ тврдеше дека Ферари добиле помош во развојот на својот мотор од ривалите Мерцедес, и дека ФИА честопати помагале Скудерија да има конкурентен болид.

На ова прво реагираше шефот на Мерцедес, Тото Волф, а сега се јави и првиот човек на Ферари и на ФИАТ, Маркионе, кој вели дека поранешниот шеф на Ф1 треба дабиде благодарен на Ферари што го „кренале“ профилот на шампионатот.

„Тоа се апсолутни глупости. Берни треба да е благодарен што Ферари се во Формула 1 и му помогнаа спортот да го направи толку финансиски исплатлив, од што на крајот тој лично профитираше. Господ нека го благослови, јас го сакам многу, но мислам дека Ферари направи толку многу за Ф1“, вели Маркионе.

Еклстоун открива: ФИА помагаше Ферари да победува!

Волф: Глупости! Мерцедес не помагаше на Ферари

Scroll to Top