Top Sport

Мурињо: Зошто не го подржувате Лукаку?

Жозе Мурињо беше лут на навивачите на Манчестер јунајтед поради тоа што не му даваат поддршка на својот напаѓач Ромелу Лукаку.

Мурињо преку клупската телевизија „МУТВ“ ги критикуваше фановите за лошиот прием кој Лукаку го доби во саботната победа над Тотенхем, кога одлуката да го замени Маркус Рашфорд со Антони Марсијал беше пречекан со по некој свиреж.

„Би сакал да побарам навивачите да ми објаснат зошто не му даваат толку поддршка бидејќи тој го дава својот максимум. Не е фер да навиваат само кога ќе постигне гол. Воопшто не е фер. Разочаран сум, но не од него. Со него сум многу среќен“, вели Мурињо.

Ова не е првпат Мурињо да е исфрустриран од навивачите.

„Не ги сфаќам прашањата. Дали тие не се ’Црвени ѓаволи’?“, додава Мурињо.

Откако Марсијал го постигна победничкиот гол, Мурињо со прстот на устата се сврте кон навивачите. Што беше пораката?

„Смирете се малку. Не бидете нервозни, релаксирано“, објасни Мурињо.

Марсијал го реши дербито на „Олд Трафорд“

Scroll to Top