Top Sport

Марко: Хамилтон „намигнува“ на Ферари само да им направи проблеми

Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко смета дека разговорите на Луис Хамилтон со претседателот на Ферари, Џон Елкан се само дел од стратегијата на британскиот возач и неговиот шеф од Мерцедес, Тото Волф да го дестабилизираат тимот на Ферари пред сезоната 2020.

Пред крајот на сезоната 2019, Хамилтон разговарал со Елкан откако претходно сигнализираше дека би сакал дел од својата кариера да помине во италијанскиот тим, но според Австриецот Марко, човек со огромно искуство за „игрите“ во Ф1, се работи за чиста тактика.

„Состанокот на Хамилтон со Елкан е дел од партијата карти. Хамилтон и Тото Волф сакаат да предизвикаат што е можно повеќе проблеми во Ферари на тој начин. Се работи за нови договори кои треба да се потпишат. Кога Луис влегува во разговори со Ферари, тоа се смета и за финансиски преговор со Мерцедес. Дали е можно да заврши во Ферари? Секако, во 2021 година. Во Формула 1 сѐ е политика, сѐ е игра и тоа највисоко ниво со најголеми влогови“, вели Марко.

Scroll to Top