Top Sport

Морено сака да се смири со Енрике: Од него научив многу и чувствувам само благодарност

Новиот тренер на Монако, Роберт Морено не можеше да ги избегне прашањата за својот однос со шпанскиот селектор Луис Енрике при промоцијата во клубот од кнежевството, но прати порака за смирување со својот поранешен ментор.

Морено беше помошник на Енрике на клупата на шпанската репрезентација, но кога на Енрике му се разболе малата ќерка и се повлече од националниот тим, Морено беше поставен за негова замена. Сепак, по враќањето на Енрике во ноември, Морено доби отказ од Шпанската федерација и влезе во војна на зборови со Енрике. Сега, ситуацијата е смирена

„Поминав девет прекрасни години покрај Луис Енрике и за тоа чувствувам само благодарност. Тоа што се случи пред неколку недели веќе е во минатото. Тренер сум веќе 28 години и сега е важно што ќе направам во овој клуб. Минатото е тука, но да го оставиме“, вели Морено.

42-годишниот стратег најави дека ќе научи француски што е можно побргу за да може да ги пренесе своите идеи.

„Се работи за респектирање на културата. Важно е да имам комуникација со фудбалерите. Системот кој ќе го играме не е важен, дали се работи за 4-4-2 или нешто друго. Фудбалот е компликувана игра и секогаш има некоја нова тактика“, додава Шпанецот.

Морено се чувствува предаден од „грдите“ коментари на Луис Енрике

Scroll to Top