Top Sport

ИФАБ: ВАР да досудува офсајди само кога се „јасни и очигледни“

Бордот на интернационални фудбалски асоцијации (ИФАБ), телото кое ги одредува правилата на фудбалската игра, се јави со реакција по бројните ВАР контроверзи, давајќи им совет на ВАР судиите да не бидат „премногу форензички“ кога оценуваат дали ситуацијата е во офсајд со препорака да се работи за „јасни и очигледни“ ситуации.

Ова доаѓа откако во Премиер лигата имаше уште еден викенд со ВАР-контроверзи, понишувајќи голови за милиметарски офсајди и креирајќи фрустрација кај навивачите. ИФАБ ќе има генерално собрание во февруари кога ќе се изготви извештај и ќе се објават детални промени.

„Со ВАР гледаме работи кои не одат во насоката која ја посакувавме и мора да има подесување. Ако повеќе минути се обидувате да идентификувате дали се работи за офсајд или не, тогаш не се работи за јасна и очигледна ситуација и првичната одлука треба да остане. Треба да посочиме дека треба да се работи за ’јасна и очигледна’ ситуација која се разгледува со ВАР. Да, во теорија, офсајд од 1 милиметар е офсајд, но треба да се донесе одлука и ако се потребни пет, шест или 12 камери да се дознае, тогаш треба да стои оригиналната одлука. Не смее да се користи ВАР како форензички апарат. Ако видеото покажува дека играчот е во офсајд, тогаш е во офсајд. Ако не е јасно, тогаш нема промена“, вели генералниот секретар на ИФАБ, Лукас Бруд за „Би-би-си“.

Што се случува со ВАР во Премиер лигата?

ВАР го поништи и овој гол (Видео)

Scroll to Top