Мекларен може да бидат најголемите „победници“ од воведувањето на ограничен буџет во Формула 1 од следната сезона, тврди советникот на Ред бул, Хелмут Марко.
Според Марко, најдобрите три тима во Ф1, Мерцедес, Ферари и Ред бул ќе мора да направат „кратење“ на својот персонал и ова ќе биде искористено од Мекларен, кои минатата сезона се поставија како четврт најбрз тим.
„Промената на Мекларен од мотори на Рено на Мерцедес исто така ќе значи дека тие ќе избегнат дел од правилата за хомологација и ќе можат да прават интервенции на својот дизајн за разлика од другите тимови. Тие ќе бидат поблиску, а од следната година со конкурентен мотор ќе бидат многу силни“, вели Марко.
Од друга страна, тој признава дека Ред бул рејсинг ќе мораат да „станат помали“ со буџетот од 145 милиони долари.
„Ќе беше подобро да се поврзе работата со воздушниот тунел со буџетот, наместо со позицијата во шампионатот. Тие со помалку пари би требало да имаат повеќе време во воздушниот тунел. Сега, некои тимови ќе размислуваат дали е подобро да завршат деветти наместо осми за да добијат повеќе време“, додава Австриецот.