Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко влезе во напад на снабдувачите со пневматици во Ф1, „Пирели“, велејќи дека италијанскиот производител ги направил гумите за 2019 така што тие функционираат само за Мерцедес.
Повеќе тимови оваа сезона имаат проблеми со постигнувањето на оптималната температура за работа на гумите, но Мерцедес немаат вакви проблеми со гумите чии низи се намалени за 0.4 милиметри.
„Се забележува дека сите промени на правилата се во корист на Мерцедес. Пирели ги сменија гумите само тие подобро да функционираат за Мерцедес, односно да немаат проблем со прегревање, нешто со што лани се мачеа само во тој тим. Одеднаш, во 2019, Мерцедес секогаш ја постигнува оптималната температура, за разлика од сите други. Концептот на болидите беше да се произведе болид со помала потисна сила, а само Мерцедес изградија болид со многу голема потисна сила, што беше потребно за да се извлече максимум од овие гуми. Не можам да докажам дека Мерцедес добиваат податоци порано од нас, но не можам да го отфрлам тоа. Сите во Ред бул го следиме развојот на работите во Ф1 и ќе разговараме со Пирели“, вели Марко.