Top Sport

Марко: Тоа што не го донесовме Хамилтон во Ред бул беше тактичка грешка

Советникот на Ред бул и втор човек во тимот, Хелмут Марко признава дека тоа што неговиот тим пропуштил да го донесе Луис Хамилтон на крајот на сезоната 2012 било „тактичка грешка“.

Според Марко, Хамилтон по одлуката да замине од тимот на Мекларен (со кој ја освои првата светска титула) се одлучил за Мерцедес бидејќи Ники Лауда го убедил да направи таков потег. Имало преговори со Марко за носење во Ред бул (тогаш доминантниот тим), но Австриецот направил грешка и му го препорачал Хамилтон на својот сонародник Лауда.

„Луис беше незадоволен во Мекларен, а кај нас немаше слободно место. Тогаш мислев дека е подобро да отиде во Мерцедес и затоа го поддржував Лауда во неговата идеја. Мекларен ни беа најсериозните ривали и мислев дека во тогаш слабиот Мерцедес ќе биде помала закана. Секако, подобро ќе беше да останеше во Мекларен. Тактиката некогаш носи вакви пресврти“, вели Марко.

Scroll to Top