Top Sport

Марко: Второкласен Ф2 возач покажа колку е силен Мерцедес

Супериорноста на моќниот Мерцедес В10 болид најдобро се покажа кога неискусниот Формула 2 возач, Никита Мазепин влезе во болидот првпат и ја заврши тест-сесијата најбрз, вели советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко.

Младиот Русин извозе 128 кругови со најдобар круг од 1:15.775, и Марко вели дека тоа ја покажува реалноста на модерната Формула 1.

„Фактот што второкласен Формула 2 возач може веднаш да биде најбрз во Мерцедес ја покажува нивната супериорност. Повеќе од било кога во минатото“, вели Марко за „Ауто мотор унд спорт“.

Мазепин, кој беше втор во ГП3 шампионатот минатата сезона, имаше лош старт на Ф2 шампионатот оваа сезона. Тој е син на милијардерот Дмитриј Мазепин, кој целосно го финансираше овој тест на Мерцедес и ќе даде 10 милиони евра за уште пет теста со болидот на Мерцедес од 2016 година.

„Ме изненади што Мерцедес не го кријат тоа и не го спречија Мазепин да постигне најдобро време, така што ситуацијата е јасна“, вели Марко.

Scroll to Top